Реклама

Убиство, самоубиство или природна смрт! Од што починаа мајката и синот од Велес? (ФОТО+ВИДЕО)

Pocinati majka i sin6

Неподносливата миризба која се ширела од станот на Катерина Маноилова и нејзиниот син Ванчо ги натерала соседите да пријават во полиција. Утрово кога пожарникарите ја скршиле вратата од станот на улица 4 јули во Велес, имале што да видат. Двете тела на 79 годишната мајка и 53 годишниот син биле речиси распаднати. Колку време се починати, никој со сигурност не знае. Соседите раскажуваат дека Катерина и Ванчо не ги виделе со месеци. Димче Зврцинов е претседател на куќниот совет. Последен пат контактирал со нив, кога му давале пари за одржување на зградата.

Zito akcija 640x289px

„Последниот контакт со нив ми беше после нова година, кога плаќаа за одржување на зградата, но не отворија, само викнаа преку вратата. Последните денови почна да се јавува миризба. Пријавивме во полиција и тие дојдоа. Можно е да се мртви повеќе од еден месец“, рече Димче Зврцинов кој е претседател на куќниот совет на зградата.

Agria
Димче Зврцинов – претседател на куќниот совет на зградата

Соседите пријавиле во полиција уште минатата недела, но тие стигнале денеска, оти немале налог порано да влезат во станот.

„Пензијата сега кога им дојде, јас се консултирав, ми викаат, немој да ја земаш, да видиме кој ја зема, кај одат овие пари, каде е женава. И така откривме, тоа ме натера за да пријавам. Пријавив уште во средата и не дојдоа, излагаа, рекоа за два дена. Сабајлево се карав со еден полицаец, па после му се извинив на човекот. Ми рекоа за два дена. Ами два дена се и самота и недела“, раскажува сосетката Драгица Манаскова, која вели дека често им помагала на мајката и синот.

Pocinati majka i sin4
Драгица Манаскова – сосетка

Катерина била пензионерка. Соседите велат дека била мирна жена, која, кога ќе излезела надвор, често муабетела со нив. Но, откако остарела, се повлекла дома. Нејзиниот син имал здравствени проблеми, раскажуваат соседите. Често знаел и да нападне некој од нив.

Пред една и пол година, во нивниот стан изби пожар, а трагите од него се сеуште видливи. Соседите се прашуваат зошто инсистуциите не се погрижиле за ова семејство, за да се спречи ваков крај. Телата на починатите се предадени на обдукција, која ќе открие кога починале и дали се работи за убиство, самоуибиство или природна смрт. Миризбата околу зградата сеуште беше силна. Екипа на Центарот за јавно здравје денеска го дезинфицираше влезот на зградата.