Казнети 18 пешаци за преминување улица надвор од пешачки премин

kazneti pesaci

Секторот за внатрешни работи Велес, вчера во периодот од 14 до 18 часот спроведе засилена акциска контрола на територијата на подрачјето на СВР Велес за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 18 пешаци, информираат од СВР Велес.

Од вкупниот број казнети, седум се санкционирани во Велес, девет се во Кавадарци и двајца во Неготино.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Секторот за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: