Цената на енергенсите денеска ги надмина нивоата и од кризата во 2012 година. Нафтата денеска на берзите се продаваше и по цена и од 119 долари по барел, што е ниво од 2012 година. Цената се менува од час во час.
Вчера цената на јагленот достигна рекордни 400 американски долари за тон. Цената на гасот во Германија надмина 3.000 долари, а цената на гасот во Европа над 2.000 долари за илјада кубни метри. Исто така, цената на пченицата во Франција достигна рекордно ниво од 367,75 евра за тон.
Содржината продолжува под рекламата
Русија, инаку, е еден од најголемите снабдувачи со енергенси во светот. Таа е втор најголем извозник на сурова нафта на планетата, по Саудиска Арабија, и најголем извозник на природен гас, далеку пред второпласираниот Катар. 40 отсто од вкупните испораки на гас и 30 отсто од испораките на нафта во Европа пристигнуваат од Русија.
Можеби ќе ве интересира: