Од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија вчера бил лишен од слобода А.Н. (48), од Велес откако кај него бил пронајден прашеста материја со кафеава боја (хероин).
„На 04.03.2022 околу 19.30 часот во Велес од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес е лишен од слобода А.Н.(48) од Велес, затоа што кај него се пронајдени и одземени 18 пакувања со хероин“,соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Содржината продолжува под рекламата
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: