Реклама

Боби Андов со четири гола ја донесе победата за Превалец

Фудбалерите на Превалец на крилата на Бобан Андов го надигра Ново Црнилиште со убедливи 2:5 на гостински терен. Андов со четири погодоци беше најдобар стрелец за превалчани и на самата средба, а еден погодок за Превалец беше дело на Пеце Стојанов. За домаќинот двата погодоци ги постигна Ерџан Ибраимоски.

Zito akcija 640x289px

Поради временските услови денес ќе се одиграат само два натпревари во Третата македонска фудбалска лига – Југ. Вчера покрај победат на Превалец, Големо Коњари со високи 5:3 триумфираше над новиот третолигаш Бучин кој покажа сила кон фаворитот, но не доволно за изненадување.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Инаку и официјално Напредок од Крушеани се откажа од натпреварувањето, откако екипата не го одигра ниту натпреварот од првото коло против Превалец. Во наредното коло во среда Превалец го пречекува тимот на Младост 1930.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28115/plej-ofot-ostana-nedostizhen-za-rakometarite-na-borecz/