Трошоците на животот во февруари пораснале за еден отсто, споредено со претходниот месец јануари, односно за 7,6 проценти во споредба со ланскиот февруари, објави Државниот завод за статистика. Уште поголем е растот кај цените на мало, кои се повисоки за 1,2 споредено со јануари, односно 8,6 проценти во однос на февруари, минатата година.
Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари годинава, во споредба со претходниот месец, меѓу останатото е забележан кај цигарите за 6,6 проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4,3 проценти, кафето, чајот, какаото за 2,7 проценти.
Содржината продолжува под рекламата
Според Државниот завод за статистика, намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај пивото за 1,1 процент, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 проценти. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 14,4 проценти, туристичките аранжмани за 2,5 проценти, услугите за сместување за 2,1 процент, обувките за 0,9 проценти, мебелот и покуќнината за 0,4 проценти.
Можеби ќе ве интересира: