Реклама

Џенита Кицара и Миа Велинова во составот на женската репрезентација на Македонија до 17 години

Џенита Кицара и Миа Велинова од женскот фудбалски клуб Борец се најдоа на списокот на селекторот Катерина Милеска на женската репрезентација на Македонија до 17 години за квалификацискиот турнир во Албанија.

Zito akcija 640x289px

Квалификацискиот турнир (Б лига) ќе се одржи во Албанија во периодот од 8 до 14. март, а нашата млада селекција се наоѓа во групата 3, заедно со Шкотска, Азербејџан и домаќинот на турнирот, Албанија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Првиот меч ќе го одиграат против Шкотска, денес на 8. март, на стадионот Игнатиа во Рогожине, со почеток од 12. часот. На 11. март, на истиот стадион ќе се одигра натпреварот од второто коло против селекцијата на Азербејџан. Последниот натпревар е закажан на 14. март, против домаќинот Албанија, на стадионот во Елбасан во 14.30часот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28143/czenata-na-pcheniczata-pchenkata-i-stochniot-jachmen-dostignuvaat-novi-rekordi/