понеделник, 15 јули, 2024
Реклама

Некои маркети ја задржаа цената на лебот, останатите да го следат нивниот пример

Leb na raft

Jа поддржуваме одлуката на дел од ланците маркети во земјава да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Zito akcija 640x289px

Тој ги повика останатите трговци да ја следат ваквата одлука и да бидат, како што наведува, солидарни во време на глобална криза.

Agria

„Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија да не ја покачуваат цената на лебот и таа останува 25 – 27 денари. Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови. А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата“, истакнува Бектеши.

Претходно, ланецот супермаркети „Кипер“ кој од вчера започна да работи и во Велес објави дека цената на лебот ќе ја задржи на 25 до 27 денари.

Во објавата на „Кипер“ стои дека цената на лебот ќе остане непроменета подолг период.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28155/svetska-banka-prodolzhuva-da-gi-sledi-prioritetite-na-vladata/