Регулаторната комисија за енергетика ги донела измените во правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени со кои се овозможува да носат одлуки доколку берзанските цени имаат значителни промени.
Измените во правилникот се донесени со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени.
Содржината продолжува под рекламата
Измените во правилникот ќе стапат во сила следниот ден штом бидат објавени во службен весник. Во моментов, во сила е се уште правилникот по кој се одредуваат цени за седумдневен период.
Можеби ќе ве интересира: