СДСМ: Градоначалникот Марко Колев склучил скандалозен договор за привремени вработувања

SDSM sovetnicka

Во време на најголема економска и енергетска криза, градоначалникот на Велес Марко Колев наместо работа и исполнување на ветеното, целиот фокус го става на партиски вработувања, трошење пари и полнење на џебовите на нивни роднини и пријатели, обвинија денеска од СДСМ.

Zito akcija 640x289px

“Градоначалникот Марко Колев на 21.12.2021 година склучил скандалозен договор со агенцијата за приврмени вработувања Партнер од Скопје, договор со кој се предвидува Општина Велес во текот на 2022 година да потроши 3,5 милиони денари за привремемни вработувања”, рече Катерина Ефремова, советничка од СДСМ.

Содржината продолжува под рекламата

Agria


Според Ефремова, Колев јавно признал дека има неразвоен буџет за 2022 година на општина Велес и дека не можел да си ги подмири трошоците за електрична енергија, а планирал да потроши 3,5 милиони денари пари на граѓаните за вработување на партиски војници, роднини и пријатели, само за една година.

Содржината продолжува под рекламата

“Уште посериозно е тоа што, додека Марко Колев ги троши народните пари за партизација на општинската администрација, децата во неколку училишта губат часови поради недостигот на наставен кадар”, рече Ефремова.

СДСМ го повика градоначалникот Марко Колев јавно да каже колку наставници недостигаат во основните и средните училишта и колку деца губат часови, зошто не им потпишува на директорите за вработување на потребниот кадар и наместо пари за наставници, се трошат 3.500.000 денари за вработувања роднини и пријатели и дали негови роднини и роднини на негови другари и пријатели се вработени за сто дена власт на ВМРО ДПМНЕ и Марко Колев во општина Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: