Градоначалникот на Општина Велес ги демантираше обвинувањата на опозициската СДСМ, отфрлајќи ги како дезинформации и дека во отсуство на вистински аргументи, советниците на советничката група на СДСМ продолжуваат да се служат со лаги и манипулации, со единствена цел замајување на граѓаните.
„Во одржаната прес конференција во која ме обвинуваат за склучување на скандалозен договор за привремени вработувања, неизбежно е да прашам каде беа советниците во изминатите години да реагираат за истото, кога на ист начи се вработени 60тина некомпетентни лица, а поради политички реваншизам беа напуштени вистинските професионалци, со што функцијата ја превземав нефункционална состојба со целосно закочени процеси за легализација и изготвување на решенија за данок за имот“ реагира градоначалникот Марко Колев.
Содржината продолжува под рекламата
„Токму за овие одделенија се однесуваат новите привремени вработуваьа од почетокот на мојот мандат, па така само за 4 месеци се изготвени 1800 решенија за данок на имот и доставени до граѓаните кои претходно не се изготвувале од 2016 година и решени се околу 170 предмети за легализација. Но, советничката од СДСМ овој факт свесно заборави да го каже, дека со недомаќинското работеье на преподната гарнитура директно е оштетена општинската каса“, дополни Колев.
Содржината продолжува под рекламата
Тој реагира дека согласно планот за јавни набавки кој секоја година го носел претодниот градоначалник ваков вид на договори со приватна агенција за привремени враборвања се случувале и во претодните години.
„За разлика од претходните години, од моето преземаье на функцијата градоначалник, договорот со приватната агенција за привремени враборвања се користи исклучиво за непречено функционираье на сите аспекти од општинската администрација, онаму каде не е прилагодена систематизацијата на работни места а чија промена оди преку подолга административна процедура, а се со цел подобруваье на услугите кон граѓаните“,
„Второто обвинуваье кое повторно е за дневно политички цели, а без реална основа е она за невработување на соодветен наставен кадар во училиштата на штета на учениците. Целосно ги отфрлам ваквите тврдења и ја известувам јавиоста дека во моментот во Општина Велес нема барања по кои што не е постапено. По сите барања е позитивно одговорено и одговорите се уредно доставени до директорите на училиштата за нивно понатамошно постапување,“
„Оттука, крајно неблагодарно и непрофесионално е споделувањето на нецелосни информации и извртување на вистината со цел делегимирање на проектите и резултатите кои ги постигнавме за само неколку месеци. Наместо да се амнестираат од сопствената одговорност за недомакинско работење во претходните години, време е за реално согледување на аргументите. Зашто граганите ја препознаваат искреноста и посветеноста и повеке не веруваат на лажни обвинувања, туку само на она што е вистински сработено, стои во писмениот демант на градоначалникот Марко Колев.
Можеби ќе ве интересира: