Истражна постапка против 29-годишен велешанец

veles fotografiran od Sv.Spas
veles fotografiran od Sv.Spas

Велешкото Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против жител на овој град на возраст од 29 години поради сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот велешанец, на 11 март, заради продажба, неовластено држел марихуана во вкупна количина од 4.957,86 грама, и тоа во повеќе пакувања во градината пред куќата во која живее, во собата во која престојувал и во автомобилот.

Agria

Дрогата била пронајдена и одземена од полициски службеници на СВР Велес при вршење претрес кај осомничениот кому сега му е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: