Учениците од основните училишта да се ослободат од задолжителното носење маски, предложи Комисијата за заразни болести

Ucenici so maski
Ucenici so maski

Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата учениците во основните училишта да бидат ослободени од обврската за носење заштитни маски против Ковид-19, соопшти денеска на пресконференција претседателот на Комисијата, Александар Петличковски. Тој информираше дека оваа обврска ќе остане иста за наставниците и техничкиот персонал во училиштата.

Zito akcija 640x289px

Дополнително од Комисијата препорачуваат капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како што културните објекти, од 50% да се подигне на 75%, а до Владата ќе препорачаат и да се укине обврската за ковид-сертификати во отворените делови на угостителските објекти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За овие три препораки се очекува да се одлучува на следната владина седница. Македонија останува во портокаловата зона на ризик од инфекција каде во моментов има 9,9 заразени со корона вирус на 100 илјади жители. Ова е границата што не дозволува земјава да влезе во зелената зона и да ги укине другите рестриктивни мерки како и целосното отстранување на маските.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: