Реклама

Нова жртва на Ковид 19

Прва жртва во Штип од корона вирусот. Почина 81 годишна жена. Случајот за ТВ 24 го потврдија од Центарот за јавно здравје. Жената пред десетина дена беше хоспитализирана на инфективното одделение и првично беше лекувана од пневмонија бидејќи првиот тест за корона и беше негативен. Таа беше испратена на инфективната клиника во Скопје, но подоцна пак беше вратена во штипската Клиничка болница.

Zito akcija 640x289px

На иницијатива на семејството и беше земен нов брис, по што се покажа дека е позитвна на ковид 19, а по повторното влошување пак е хоспитрализирана во Скопје. Поради контактот со неа речиси сите вработени на Инфективно оделение завршија во домашна превентивна изолација. Дома 14 дена ќе останат двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари. Ќе им помага лекар инфектолог од Струмица, а медицинските сестри ќе ротираат од други одделенија.

Agria

На инфективното одделение во Штип во моментот се лекуваат пет пациенти со Ковид 19. Двајца од Штип и тројца од кочанскиот регион. На одделението се хоспитализирани уште четири сомнителни случаи што чекаат резултати од тестирањата.