На 18/19.03.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл.215 и 216 од КЗ на РСМ на подрачјето на град Скопје извршија контрола во угостителски објекти.
Бил извршен преглед над дваесетина лица по што лишени од слобода биле: А.С.(19), Ф.А.(25), Н.С.(31), А.А.(24) сите од Скопје, А.М.(26) од Битола, Д.Г.(27) од Куманово и М.М.(22) од Гостивар како и еден малолетник од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени кокаин, амфетамин, марихуана и бела грутчеста материја.
По целосното документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци. Засилените контроли продолуваат и во наредниот период, соопштија од МВР.
Можеби ќе ве интеесира: