Манифестацијата „Зелникот на баба“ вчера по девети пат се одржа во рударскиот град Пробиштип. Пензионерки и вредни домаќинки од 16 општини во земјава, меѓу кои и од Велес, но и од соседството, ги покажаа своите вештини и начинот како се прави еден зелник во нивните родни краеви.
Дека навистина се работи за гурмански специјалитети покажа и побарувачката, па за многу кратко време зелниците беа распродадени. Целото случување е проследена со богата културно уметничка програма со познати естрадни уметници, па така сите присутни освен добра храна имаат и одлична забава.
Содржината продолжува под рекламата
Манифестацијата е од републички карактер, а освен вкусот на зелникот на истата може да се најдат и многу други специјалитети, при што љубителите на традиционалната храна можат да уживаат во истата.
Можеби ќе ве интересира: