Реклама

Петмина починаа, 29 новозараени во последните 24 часа

corona_cure

Пет нови смртни случаи од коронавирус се регистрирани во последното деноноќие, инормираат од Министерството за здравство.На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти, по еден од Куманово на возраст од 52 години, пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години, пациентка од Челопек на возраст од 62 години и една 81-годишна пациентка од Штип. Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Zito akcija 640x289px

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. Од нив 15 се од Скопје, седум од Куманово, по три од Кочани и Струга и еден во Прилеп. Во Велес и денеска нема регистрирано нов заразен од вирусот.

Agria

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.