ИНТЕРВЈУ АНЃУШЕВ: Со новата компанија РЕС ќе го смениме сегашниот концепт на снабдување со електрична енергија

Koco Angjusev

Од една криза, светот влезе во уште поголема неизвесност откако Русија почна инвазија на Украина. Сведочиме на раст на цените на енергенсите, на електричната енергија, но и на многу неизвесности за кои тешко може да се предвиди колку ќе се длабоки и колку ќе траат. Оваа криза е полоша од ковид кризата, вели на почетокот на интервјуто проф. Д-р Кочо Анѓушев, редовен професор на Машинскиот факултет, поранешен вицепремиер, моментно управител на неколку домашни фирми. Поради кризата, државите ќе треба да им помагаат на граѓаните,помалите држави ќе се задолжуваат а поголемите да печатат пари, што од друга страна ќе создаде уште повисока инфлација.

Zito akcija 640x289px

Неговата „Централинвест“ месецов формираше со бугарски „Токи“ нова компанија која треба да ги интегрира сите производители на струја од обновливи извори (РЕС). Станува збор, како што вели, за еден нов пристап во снабдувањето и трговијата со електрична енергија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Ако сте подготвени да ја продавате по фиксна цена електричната енергија од своите извори без разлика на тоа дали таа цена ќе порасне тоа ќе овозможи да понудите фиксна цена и на вашите крајни клиенти. Целта е РЕС да стане стабилен извор и тоа може да се направи само ако имате сопствена енергија. Идејата е сопствената енергија да ја понудиме до крајни корисници во стопанството во Македонија, вели Анѓушев.

Содржината продолжува под рекламата

Анѓушев од пандемиска криза и значајна енергетска криза, светот влезе во уште поголема неизвесност по инвазијата на Русија во Украина. Иако и самиот очекувавте енергетска стабилизација годинава, претпоставувам се’ се промени сега. Колку е лоша оваа ситуација генерално економски, колку од енергетски аспект?

Анѓушев:  Оваа криза сега е полоша од ковид кризата. Значи на лошата ситуација наместо стабилизација која што ја очекуваме се накалеми уште полоша ситуација. И сега практично ситуацијата е двојно лоша. Економијата се уште не е заздравена од корона кризата и на сето тоа дојде оваа ситуација со Украина. Наивно е да е мисли дека ако немате директна соработка со Украина или Русија кризата вас нема да ве тангира. Без разлика дали имате или немате директна соработка оваа ситуација ќе влијае на вас. Тоа е многу едноставно, бидејќи енергијата ги засега сите. Не може енергијата да остане на исто ниво како пред кризата и овде зборувам за кој било енергенс – нафта, гас, електрична енергија, се’ останато се секундарни енергенси. На овие три енергенси цената во моментов вртоглаво им расте. Ако очекуваме да настане стабилизација брзо, навистина не треба да се надеваме дури и брзо да се разреши кризата од воен аспект. И во таков случај повторно со месеци, а можеби и повеќе од една година ќе има последици од тој конфликт. Нормално, бидејќи ќе згаснат многу  економски активности. Одговор на државите ќе биде да се задолжуваат или да печатат пари. Владите на многу земји веќе почнаа да се обидуваат да помогнат на граѓаните, ама со запрена економија немате друг избор. Во ваква ситуација нема полнење на буџетот односно има намалени приходи од царини, даноци, акцизи, а друга страна ви растат расходите бидејќи ќе треба да се субвенционира, да се зголемуваат платите. Тоа значи само едно – кај помалите  држави задолжување, а кај големите држави во некои случаи и печатење пари. И едното и другото неминовно водат кон инфлаторен бран кој што веќе го гледаме. Тој бран значи дека старите цени на ресурсите кои што сме ги гледале повеќе нема никогаш да ги видиме. Кое ќе биде новото ниво и на кое ниво тие ќе се стабилизираат? Тоа ќе зависи од неколку фактори. Прво, колку ова ќе трае кризата, а вториот колку пари ќе се испечатат и колкав ќе биде процентот на инфлацијата. Зошто е Украина или рускиот конфликт со Украина важен? Бидејќи еден добар дел од изворот на железо од руда доаѓа од Доњетската област и тоа го снемува. Добар извор на железо беше и Русија и Белорусија, а тие се под ембарго и има недостиг на материјал. Доста фабрики не можат да обезбедат суровина. За среќа, ако зборуваме за „Брако“ се организиравме и континуирано продолжуваме со работа. Секако има капацитети кои поради кризата запираат со работа.

Од друга страна компаниите имаат проблем со формирање на цената на производите. Со така динамична промена на цените на ресурсите не знаете како да ја формирате цената на крајниот производ. На пример леб да правите имате само два основни ресурси – брашно и струја. Проблемот станува компликуван ако произведувате возило кое што има 8.000 компоненти, а цените се менуваат секој ден – која е цената на вашето возило денеска? Во комплексен систем каков што е „Брако“, една од компаниите кои што јас ги предводам, влегуваат буквално милион компоненти и секојдневно се менуваат цените. И ова е проблем за голем број компании – како да се формира цената на производите без притоа да се создаде загуба. Се случува и сега тоа – со цената по која што го продавате производот утре нема да можете да купите суровини за да го произведете.  

Тоа е менаџерски проблем, но тој настанува од реалната економија. Состојбата е комплексна дополнително што дел од природниот гас доаѓа оттаму, голем дел од житото доаѓа од Украина и сето тоа ќе предизвика недостиг. Тој недостиг предизвикува зголемување на цените, тоа пак инфлација.

Целосното интервју кое порталот Фактор го направи со Кочо Анѓушев може да го прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: