По повод доаѓањето на пролетта, и со цел да се подигне јавната свест за заштита на животната средина и јавната чистота, ЈКП Дервен и Општина Велес организираа еко-акција „ Сакај го Велес“, во која учествуваа вработени од сите Сектори и Одделенија при ЈКП Дервен и Општина Велес, основните и средните училишта, градинките, Организацијата на Црвен крст, и ОУД Лазар Лазаревски.
Градоначалникот Колев истакна дека врвен приоритет на локалната самоуправа е подобрување на хигиената и зеленилото во градот.
Содржината продолжува под рекламата
Од ЈКП Дервен апелираат до сите наши сограѓани да покажат одговорност и грижа за животната средина. Градот е на сите нас и ќе биде поубав ако сите се погрижиме да остане чист. Да придонесеме Велес да биде почисто, поздраво и подобро место за живеење. Сакајте го Велес!
Можеби ќе ве интересира: