На денешната средба на Комисијата за заразни болести беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутираше во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините, соопшти Комисијата.
Во соопштението, во кое се вели дека вирусот е присутен и дека како најдобра превенција останува вакцинацијата, Комисијата за заразни болести нагласува дека во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и со ситуацијата во европските земји, ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба.
„Доколку постои можност Комисијата ќе предлага постепено релаксирање на мерките“, се наведува во соопштението.
Можеби ќе ве интересира: