понеделник, 15 јули, 2024
Реклама

Потпишан договор за Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на семејно насилство во Кавадарци

Градоначалниците на Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, претставници од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци потпишаа договор за воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство на локално ниво, во овие четири општини.

Zito akcija 640x289px


Главната цел на овој проект е да се подобри пристапот до специјализирани сервиси за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Целна група се жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство. Советувалиштето ќе биде лоцирано во Општина Кавадарци, на локација која е лесно достапна за лица со физичка попреченост, а ќе го користат жени и деца жртви на насилство од Општина Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria


Со овој проект се очекува заеднички да се успее да се даде поддршка и да се спречи повторувањето на идно насилство кај жените, овозможувајќи економско јакнење и осамостојување на жените жртви, и да се спречи
трансгенерациското насилство преку надминување на траумите и последиците.

Можеби ќе ве интересира: