Висок пораз забележаа фудбалерките на Борец во рамките на 15 коло од Првата женска фудбалска лига. Втор пат сезонава подобри од велешанки беа фудбалерките на Тиверија од Струмица со 5:1.
Стрелци на головите за домашната екипа беа Јанков со два постигнати гола, Велкова, Панеска, и автогол на Шемсовиќ . За екипата на Борец голот го постигна Кицара.
Содржината продолжува под рекламата
По ова коло екипата на Борец падна за едно место на табелата и сега е шеста со 27 освоени бода. Во следното коло во Велес гостува екипата на Шкендија која се наоѓа на деветата позиција со 13 освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: