Ракометарите на Борец и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 25:25, со голот кој по истекот на регуларните 60 минути го постигна Ѓорѓевски низ поставениот блок на домашните играчи.
Иако во денешниот натпревар екипата на Игор Тодоровски настапи со само 11 играчи, во првото полувреме одлично го контролираше натпреварот. Добрата игра на Лазар Стојанов, Илија Табаков и Стефан Гугуталиев донесоа предност на полувреме од 17:13.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел пад во играта на велешани. Тоа го искористи Ѓиноски, кој со неговите погодоци, гостинскиот тим успеа на седум минути пред крајотда има водство од 21:23. Сепак домашните ракометари со погодоците на Табаков и Сиљанов и Стојанов на триесетина секунди пред крајот на натпреварот носат предност за домаќините 25:24.
Содржината продолжува под рекламата
И кога сите во салата„Гемиџии“ очекуваа победа за домашниот тим, Ѓорѓевски по истекот на регуларните 60 минути постигна фантастичен гол низ поставениот блок на домаќините за поделба на бодовите 25:25. Најефиаксни Во екипата на Борец беа Лазар Стојанов со седум, Илија Табаков со шест и Стефан Гугуталиев со пет погодоци, додека кај гостите се истакна Максимилијан Ѓиноски со осум погодоци.
Можеби ќе ве интересира: