По цели две децении од последниот попис во 2002 година, денеска беа презентирани податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој беше спроведен од 5-ти до 30-ти септември минатата година.
Во податоците кои ги објави Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во земјава вкупниот број на населението изнесува 1.836.713 милиони жители. Од вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност Македонци 58, 44% додека Албанци 24,30%, 3,8 Турци, 2,5 Роми, 0,43, Власи, 1,3 Срби.
Содржината продолжува под рекламата
Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.
Содржината продолжува под рекламата
Симовски во своето обраќање истакна дека Државниот завод за статистика успеал да спроведе успешен попис.
Можеби ќе ве интересира: