Реклама

(ВИДЕО) Вареловски постигна гол од центар, Превалец поразен од Вардар Неготино

Дожд од голови на стадионот во Превалец. Вардар Неготино му го нанесе првиот пораз на Превалец со високи 3:6 и го завзеде врвот на Третата фудбалска лига Југ.

Zito akcija 640x289px

Гостите од Неготино беа подобар противник во текот на целиот натпревар. Со два гола на Петар Ристовски во 24 и 26 минута го скршија отпорот на домаќините. Сепак фудбалерите на Превалец не се предадоа, па преку Бобан Атанасовски во 34. минута намалија на 1:2, и Кристијан Маневски го врати Превалец во борба за трите бодови.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Неготинчани повторно возвратија, па Даниел Буровски, Кирил Неделков и ефектниот гол од центар на Никола Вареловски се одлепат на 2:5. Домаќините намалија преку Александар Крстевски на 3:5, а точка на мечот стави Петар Најдов во 89. минута од мечот.

Содржината продолжува под рекламата

Во следното коло кое ќе се одигра веќе во недела Превалец гостува кај Бучин која се наоѓа на 11 позиција на табелата.