Од денеска минималната плата изнесува 18.000 денари

Denari plata
Denari plata

Од денес 80.000 вработени земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава, соопштија од Владата.

Zito akcija 640x289px

Оттаму велат дека во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте.

Agria

Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Дополнително, државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни.„Владата се грижи за стандардот на граѓаните и посветено работи за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна. Процентуално во периодот 2012-2016 година минималната плата е зголемена за 25,2%, а за период 2016-2022 година 78,6%“, истакнуваат оттаму.

„Владата продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите. Се залагаме за унапредување на животниот стандард, а тоа е потврдено и со растот на пензиите, со бројките за раст на просечната нето плата, со намалување на невработеноста, со зголемената социјална помош, детскиот додаток, образовниот додаток, стипендиите. Продолжуваме со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: