Жена позитивна на вирусот Ковид 19 починала при породувањето, јавуваат британските медиуми. Родилката починала во болницата Витингтон во Лондон, а сè уште не е познато дали имала и други здравствени проблеми.
Бебето е живо и не е позитивно на вирусот. Семејството е во шок, како и целиот болнички персонал.
„Оваа трагедија ужасно го погоди медицинскиот персонал. Сите плачеа. Единствена утеха е што бебето е живо “, изјавил извор за„ The Sun “, додавајќи дека коронавирусот е една од можните причини за смртта на жената, но се чека обдукција.