Одбележување на Денот на НАТО – 4 Април

NATO
NATO

Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“.

Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава  и бенефитите од членството во Алијансата.

Agria

На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година, како што соопштија организаторите, посебен фокус на настанот ќе се стави на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид.

Најавени се обраќања на претседателот на Евроатланскиот совет на Северна Македонија, Исмет Рамадани, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: