(ВИДЕО) Русинот Тимур Дибиров го напушта Вардар 1961

Ракометниот клуб Вардар 1961 во следната сезона ќе остане без уште една легенда. Се работи за Тимур Дибиров, кој најави дека ова се негови последни месеци во „црвено-црниот“ дрес. На мала врата, без претходни најави дека може да се случи тоа Дибиров го најави своето заминување, пренесува gol.mk

Zito akcija 640x289px

Во гостувањето на подкастот „Само Ракомет“, руското крило ја изненади јавноста со информацијата дека по крајот на сезоната ќе замине од Вардар. Иако кажа дека му е жал, сепак Дибиров нагласи дека сака да си оди од клубот со нова титула во Суперлигата.

Agria

„Ова е моја последна сезона во дресот на Вардар. За жал, веројатно натпреварот со Веспрем беше мој последен во Скопје во Лигата на шампионите. Би сакал да победиме во Битола и да ја освоиме титулата, па така да се простам од Вардар. Сметам дека е време за крај на мојот период во клубот.

Не е дека не добив договор со клубот, туку почувствував дека е време да заминам од Вардар. Не кажав дека ќе ставам крај на кариерата, ништо не се знае“, изјави Дибиров. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: