Се намалува цената на бензинот и дизелот

Benzinska pumpa
Benzinska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 %  во однос на одлуката од 1.04.2022 година. 

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 82,00 ден/лит.  Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг, и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,154 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: