Во салата Бели Мугри“ во Велес во саботата се одржа вториот солистички концерт насловен „Звукот на ехото“ на младата сопранистка Вероника Караколева од Велес во пијано придружба на проф. м-р Дилек Реџеп од Скопје.
Таа настапи со арии од Моцарт, Маскањи, Хендл и Верди и на крај популарната „I got rhythm“ од Џорџ Гершвин со која од публиката беше вратена на бис. Пијанистката Реџеп која цело време ја пратеше на пијано самостојно настапи со популарни дела од Шуберт и Шопен.
Содржината продолжува под рекламата
Следен концерт на оваа млада сопранистка е следниот месец, на 19 мај, во Софија, Република Бугарија.
Можеби ќе ве интересира: