(ВИДЕО) Шест кражби за четири дена во Велес, една снимена на камера

Шест кражби, од кои едно разбојништво се пријавени во првите четири дена од април во Велес. Ова ја потврдува се поголемата загриженост на граѓаните, кои сведочат за секојдневни грабежи и обиди за кражби во куќи и автомобили низ градот. Посебно е погодена левата страна на градот. Револтираните граѓани кои живеат во околината на Црна џамија вчера одржаа средба, на која потпишаа петиција со барања до полицијата за расветлување на кражбите и поголема контрола во овој реон на градот.

Zito akcija 640x289px
No description available.

Дека кражбите во Велес се во подем покажуваат и бројките на СВР Велес. Од февруари наваму, секој месец се регистираат се повеќе грабежи и разбојништва.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во текот на февруари на територијата на Велес пријавени се 11 тешки кражби и една кражба во куќа, од кои три биле во напуштени куќи. СВР Велес расчисти седум тешки кражби и една кражба. Во текот на март пријавени се 12 тешки кражби и две кражби, од кои седум биле во напуштени куќи. СВР Велес расчисти три тешки кражби, а за четири се добиени сознанија за сторителите и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во текот на април пријавени се пет тешки кражби и едно разбојништво, од кои две тешки кражби се расчистени. СВР Велес ги информира граѓаните дека и понатаму ќе продолжи да ги исполнува законските обврски за обезбедување на безбедноста и имотот на граѓаните“, велат од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Во меѓувреме, читател ни испрати видео од надзорна камера во неговиот двор, на кое е фатен моментот кога крадец, среде бел ден, влегува во подрумските простории на куќата и краде билнаци со ракија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28933/aleksandra-jovanovska-i-mia-velinova-dobija-povik-vo-mladinskite-fudbalski-reprezentaczii/