На Инфективната клиника во Скопје почина родилката од Куманово, која се зарази со коронавирусот, а која пред девет дена се породи, информираше Министерството за здравство.
Родилката која имаше 27 години беше префрлена на Инфективната клиника само еден ден после породувањето, откако клиничката слика и се влоши и имаше отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.
Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, не е позитивно на коронавирус и се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.