Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.249 тестови, а регистрирани се 195 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 107, Битола – 16, Охрид – 11, Прилеп и Кавадарци – по 9…
Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола и Кавадарци – по 15, Охрид – 11…
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535.
Можеби ќе ве интересира: