Реклама

Животот во градот Вухан се враќа во нормала, за 300 отсто зголемени барањата за венчавки

Кинескиот град Вухан каде што за прв пат беше регистриран заболен од коронавирусот полека се враќа во нормала, откако градот 76 дена беше затворен. Паровите чии што бракови опстанаа за време на коронавирусот и карантинот од 76 дена, решија тоа да го прослават со брак, пренесува Си-Ен-Ен.

Zito akcija 640x289px

Барањата за венчавки во Вухан, се зголемени за 300 отсто во однос на периодот пред карантинот, кажуваат официјалните податоци.

Agria

Градските власти ја отворија вратата на матичната служба минатиот петок, а првите бракови веќе се направени на почетокот на оваа недела.