Хрватски медиуми: Претепан ракометар на суперлигашот Бутел, итно бил пренесен во болница

Македонската спортска јавност ја потресе синоќешната вест од главниот град. Имено, ракометар на суперлигашот Бутел од Скопје наводно вчера наутро бил брутално претепан и итно бил пренесен во една скопска болница, каде биле констатирани тешки телесни повреди, а веста ја пренесе спортскиот сат gol.mk.

Zito akcija 640x289px

Идентитетот на ракометарот го открија хрватските медиуми, кои открија дека претепаниот ракометар е 27-годишниот Денис Тот, кој од оваа сезона игра во Бутел Скопје, по успешниот период минат во Охрид. Информациите на „Вечерњи лист“ се дека Хрватот Тот се бори за живот откако бил претепан во непознати околности, кои допрва ќе треба да бидат расветлени и образложени од полицијата.

Agria

„Моите родители се на пат за Скопје, немаме премногу информации за тоа што точно се случило“, рекол за „Вечерњи лист“, Борис Тот, исто така професионален ракометар. 

Според загрепскиот весник Тот бил примен на ургентно одделение со тешки телесни повреди на цело тело и повеќе фрактури. Од Министерството за внатрешни работи нема потврда за случајот.

Извор на веста:gol.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: