Лишен дилер од слобода кај наплатната рампа Сопот

Синоќа околу 23.30 чaсот на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници Одделот за сериозен и организиран криминал – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кучиња од слобода е лишен 33-годишниот Д.Д. од Битола, поради основи на сомнение за извршено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Имено, при преглед на патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., биле пронајдени и одземени ќеса со кокаин и едно пакување со марихуана. Лицето е приведено во СВР Велес за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29075/drama-vo-rechani-osomnichen-razbojnik-utrovo-pobegna-od-veleshkiot-sud-policzijata-go-fati-vo-bavchite/