Фудбалерите на Превалец забележаа нова победа во Третата фудбалска лига Југ. Во рамки на 10 коло, на стадионот во Превалец тие беа подобри од екипата на Слога 1976 со резултат 4:1, полувреме 3:1.
Натпреварот беше решен во првите 20 минути кога фудбалерите на Превалец со головите на Бобан Атанасовски и два гола на Пеце Стојанов поведе со 3:0. Гостите до полувреме само го намалија резултатот со ефектен гол од слободен удар. Точка на натпреварот стави Бобан Атанасов со својот втор гол за конечни 4:1.
Содржината продолжува под рекламата
Во наредното коло превалчани гостува кај екипата на Динамо. Натпреварот ќе се одигра веќе во среда на 13 април.
Можеби ќе ве интересира: