Штрајк во градинките и училиштата

gradinka-1
gradinka

Поради штрајк денеска настава во училиштата нема да има, воедно и воспитно образоваен нема да се одржува во градинките.

Zito akcija 640x289px

Лидерот на СОНК вели дека во некои училишта и градинки можно е децата да бидат згрижени доколку таму има вработени кои не се нивни членови или се под притисок затоа што немаат решенија на неопределно време. Сепак, вели тоа се околу 10% од вкупниот број вработени во институциите.

Agria

Штрајкот ќе трае се додека не се изнајде соодветно решание за двете страни, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција во врска со генерален штрајк во образованието, бидејќи немаше договор меѓу СОНК и Владата за усогласување на платите во просветниот сектор со минималната плата.Од СОНК се децидни дека би биле среќни да се најде решение.

– Членството нема да прифати било каков предлог. Немаме никаква одговорност за дацата што ќе дојдат во училиште или градинка, брз основа на образование, храна и згрижување. Директорот може да употреби вработени кои ќе работат, имаме колешки кои не се наши членови или стравуваат дека ќе останат без работа поради штрајкот, изјави Неделковски во врска со оние деца кои утре ќе мора да одат во градинките.

Неделковски додаде дека крајно несериозно ќе биде ако од Владата не се јават до утре.

-Мислам дека ќе има средба утре, инаку штрајкот ќе стане помасовен, ќе видиме како ќе сеодвиваат работите, истакна тој и им посака „истрајност на колегите и дека штрајкот е поради социјален статус на институциите, порачувајќи им да не се плашат од ништо.Владата го почитува правото на штрајк, но велат дека децата мора да бидат згрижени. Министерката за труд вели дека градинките утре ќе примаат деца, а тоа требало да го овозможат директорите и градоначалниците.И министерот за образование вели дека настава мора да има и повика децата утре да се појават во училиштата за да се види колку наставници нема да држат настава, па потоа да се бара решение.И премиерот Ковачевски во објава на ФБ ги повика наставниците да ги стават интересите на децата на прво место и настава да има.

– По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот. Во време на огромна економска криза апелирам на разум и поддршка за заедничко надминување на проблемите. Законските прописи ги штитат и интересите на учениците, и затоа настава мора да се организира и за време на штрајк. Да не оставаме празнина во образованието на децата, за сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни, напиша премиерот.

СОНК доби поддршка и од Конфедерацијата на слободни синдикати, а писмо со поддршка до СОНК пристигнаа и од Европската конфедерација на синдикати за образование.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: