Велешката полиција приведе две лица од Скопје, со престој во Велес кои во претходните денови извршиле кражби на левата страна од градот кај месноста „Соколаана“.
На 11.04.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(22) и Л.М.(20), двајцата од Скопје, со престој во Велес. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што одзеле повеќе предмети од двор од куќа на улица „Кресненско востание“, сопственост на Ф.А.(37) од Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Содржината продолжува под рекламата
Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: