Соопштение на СВР-Велес

На 12.04.2022 во 14.00 часот во просториите на СВР Велес се одржа средба со граѓани од Велес, жители од територијата на левиот брег од реката Вардар, во кој реон последниот период имаше зачестени кражби, тешки кражби и разбојништва.

Zito akcija 640x289px

На средбата граѓаните беа информирани за досегашните активности на полицијата и превземените мерки во поглед на расчистување на настаните поврзани со истите и превземените превентивни мерки во тој дел од градот.

Agria

На состанокот беа презентирани досегашните резултати и поднесени кривични пријави од страна на полицијата до Јавно обвинителство Велес, при што им беше кажано дека 2 лица осомничени за тешки кражби од денес веќе се наогаат во притвор и за истите се процесуирани неколку кривични пријави за извршени тешки кражби.

Со цел брзо, ефикасно и навремено реагирање на полиција и фаќање на сторители на кривични дела од областа на имотни деликти на средбата беше потенцирано значењето од навремено и брзо информирање на полицијата од страна на граѓаните и меѓусебната комуникација, за што иницијативниот одбор издвои лице за координација и пренесување на информации за можни сторители на кривични дела во однос на тешките кражби во куќи и особено во напуштените куќи во тој дел од градот.

Граѓаните побараа да продолжи веќе постоечкото засилено присуство на полиција во нивните населби и истовремено се заблагодарија на досегашната активност и соработка со полицијата и намалениот интензитет на кражби последните денови што резултира со веќе неколку расчистени случаи и откривањето на сторителите

СВР Велес го пренесе уште еднаш својот став дека е одлучно во намерата за целосно расчистување на сите случаи, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

12.04.2022
СВР Велес

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: