Инцидент во Кавадарци за време на полицискиот час

MVR-polici-a-1

Велешката полиција немаше работа во првиот продолжен полициски час, кој почна вчера во 16 часот и заврши утрово во 5 часот. Ниту еден граѓанин не ја прекршил забраната за движење во тој период. Затоа пак, кавадаречката полиција уапси тројца непочитувачи на полицискиот час.

Zito akcija 640x289px

Најкарактеристичен е случајот кој се случи вчера околу 17 часот, кога при вршење контрола на ул. „Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „Oпел астра“, со кавадаречки регистарски ознаки, но, тоа не застанало.

Agria

Набрзо возилото е пронајдено во село Марена, а во него биле Б.Т.(51), В.Ј.(30) и Ј.В.(46). Притоа, В.Ј.(30) се обидел да избега, но паднал и се повредил. Тој бил префрлен во болницата во Кавaдарци, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Велес.

Неготинската полиција регистрираше две прекршувања на полицискиот час.

Од СВР Велес информираат дека во Велес, Кавадарци и Неготино во самоизолација се вкупно 43 граѓани. Од нив, 25 се од Велес, 10 во Кавадарци и осум во Неготино.