Поранешниот премиер Никола Груевски e осуден на казна затвор од седум години, а неговиот братучед и поранешен прв човек на УБК, Сашо Мијалков, доби една години и три месеци затвор за случајот „Плацеви на Водно“ а кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски е условно осуден ако во рок од пет години не стори ново кривично дело. Ненад Јосифовиќ Судот го осуди на условна казна ако во рок од пет години не стори кривично дело, а обвинетиот бизнисмен Орце Камчев е осуден на една година затвор.
Судот одлучи и да им конфискува имот на сега веќе првостепено осудените лица во овој случај.
Судијата Илија Трпков на денешното судење ,ја презентираше „Белизе“ шемата според која за планот на Груевски му требале пари, па одлучил да ги присвои средствата од донации за партијата.
Трпков на денешното судско рочиште рече дека во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 Груевски како лидер на партијата наместо да ги прикаже како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, 1,3 милиони евра ги злоупотребил и ги прибавил за себе, а потоа ги пуштал во оптек и преку фирма во Белизе купувал парцели на Водно.
Поранешен премиер ги заменил плацевите на Водно со три стана со површина од 750 м2 на атрактивна локација во „Панорама резиденс“, исто така, на Водно.
Можеби ќе ве интересира: