Православните христијани го одбележуваат Велики петок

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на страдањата и смртта на Исус Христос.

Според преданијата, Исус починал во шестиот час од денот кога завесата на ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се затемнило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале.

Agria

Оттогаш не бијат дрвени ѕвона на Велипеток, камбаните не се огласуваат сѐ до недела кога првпат ќе ја означат радоста за Христовото воскресение.

Овој ден уште се вика и Распет петок зашто тогаш е распнат Исус Христос.На овој ден црквата предвидува строг пост, само со вода, а многу верници на Велипеток ништо не пијат, ниту јадат до зајдисонце.Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи на поле, а ниту во домот. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт – нема воскресение.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Промена на натпреварите за Купот, Горски против Башкими од Горно Јаболчиште
Државна матура 2025: Над 15.000 ученици на испит по мајчин јазик