Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 % во однос на одлуката од 21.04.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.
Содржината продолжува под рекламата
Од 27.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95-84,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98-86,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)-85,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)-84,00 (денари/литар),Мазут М-1 НС- 52,825 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: