Директорите на училиштата утре да организираат настава, во спротивно ќе одговараат-порача министерот за образование

Ucillnica prazna
Ucillnica prazna

Министерот за образование Јетон Шаќири ги повика директорите на училиштата утре да организираат настава, оти во спротивно ќе одговараат, откако од СОНК попладнево рекоа дека штајкот продолжува и нема да има настава, Шаќири на својот фејсбук профил ги повика и родителите да ги однесат утре децата во училиште оти премногу настава е изгубенаа.

Zito akcija 640x289px

„Ги повикуваме директорите на училиштата, како одговорни за организирањето на работата на овие образовни установи, од утре да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат да организираат настава согласно законите за основно и средно образование. Имаат надлежности и одговараат за непостапување по истите. Исто така, ги повикуваме и родителите и старателите на учениците од утре да продолжат да ги носат своите деца на училиште. Тие се најмалку виновни што губат настава поради несериозноста на една организација, но можат  многу да помогнат во нормализирањето на состојбите“, вели министерот Шаќири.

Agria

Тој вели дека иако вчера постигнале договор за зголемување на платите за 12 отсто, СОНК не издржале ниту едно деноноќие и ја промениле одлуката.

„Да го завршиме ова лошо поглавје од тековната учебна година и да им овозможиме иднина на децата. Многумина од нив ги чекаат уписи во средни училишта или факултети. Многумина одлучиле да се вработат по завршување на средното образование, но неизвесно е доделувањето на дипломите во предвидениот рок. Да не ги уништуваме нивните планови и очекувања“, напиша Шаќири.

Попладнево претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека речиси сите членови не ја прифаќаат понудата на Владата за зголемување на платите за 12 отсто и штрајкот продолжува.

За разлика од наставниците вработените во градинките решија да го прекинат штрајкот и од утре нормално ќе згрижуваат деца.

Извор на веста: sdk.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: