Полицијата и граѓаните очи во очи, но и едните и другите денеска во чест на Денот на македонската полиција 7 мај. Оружје, софистицирана опрема, возила, но и борбени вештини денеска им презентираше полицијата на граѓаните.
Во пет македонски градови, припадниците на МВР се дружеа со нив. Тие пак, можеа на дело да ги видат припадниците на специјалната антитерористичка единица Тигри, Единицата за брзо распоредување, за службени кучиња, единицата за превенција, сообраќајната и граничната полиција. Највозбудени од блиската средба со полицијата и нејзината опрема беа децата.
Содржината продолжува под рекламата
Довербата на граѓаните кон полицијата мора да расте, па затоа МВР го одбра ваквиот пристап за одбележување на неговиот ден, вели министерот Оливер Спасовски. Според него, добрите резултати кои полицијата ги постигнува се резултат на високо мотивирани и задоволни полицајци, но и на реновираната инфраструктура.
Содржината продолжува под рекламата
Министерот Спасовски се пофали дека полицијата има целосно нова опрема за сите оддели во МВР. Годинешното одбележување на 7 мај Денот на полицијата започна со промоција на целосно реновираната зграда на радовишката полиција.
Можеби ќе ве интересира: