Нема хоспитализирани ковид пациенти во велешката болница

Veleska bolnica 997x485
Veleska bolnica 997x485

Нема хоспитализирани пациенти поради ковид-19 во велешката болница. Ова е прв пат од почетокот на пандемијата, кога кон крајот на март 2020 година во велешката болница беа хоспитализирани првите ковид пациенти.

Zito akcija 640x289px

Од болницата соопштија дека во моментов на инфективното одделение се хоспитализирани пет пациенти, но со друга инфективна подлога. На интерното одделение има девет пациенти, но ниту еден од нив не е сомнителен на ковид.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Позитивни на ковид-19 нема, ниту пак има непотврдени случаи. На инфективното одделение има 45 слободни кревети“, рече др. Елена Лефкова Ќулумова, портпарол на Опшпта болница Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Во моментов во Велес има 26 активни случаи со ковид-19. Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 9691 велешани, од кои 9348 оздравеа, а 317 ја загубија битката со вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: