Велешанецот Гордан Јорданов прв човек на ОМД за Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) – која претставува водечки глас за Македонците во странство, со седиште во Вашингтон и оперативна на три континенти – го ангажираше Гордан Јорданов како нејзин нов директор за Македонија кој ќе биде со седиште во Македонија.

Zito akcija 640x289px

Покрај тоа што ќе ги надгледува операциите на ОМД во Македонија и програмата Подум од Македонија (Birthright Macedonia), Јорданов ќе ги покрива партнерствата на ОМД со Македонските Заедници во Албанија, Бугарија, Грција и другите земји од Југоисточна Европа. Тој ќе биде и лице за контакт за европската експанзија на ОМД.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

“Имајќи го Гордан во Македонија ни отвара можности да го осетиме пулсот на дневните случувања. Гордан носи свежа енергија која ќе ни помогне да ја активираме и поврземе Диајаспората со Македонија и Македонија со Дијаспората. Ни дозволува да ги реализираме сите наши напори за илјадници Македонци во Пиринска Македонија, Егејска Македонија и Мала Преспа во Албанијa,” рече Претседавачот на ОМД Арџи Белио.

Содржината продолжува под рекламата

„Со самото живеење во странство значително време, ширење на Македонската култура на глобално ниво и лична посветеност во општествените активности, научив дека ние Македонците поседуваме огромни квалитети и огромен број искуства кои можат да ги залечат раните што нашата татковина ги доживува во овие тешки времиња. Со прифаќањето на оваа функција, сигурен сум дека мојот придонес успешно ќе ги претставува целите и вредностите на ОМД во Македонија и ќе послужи како мост меѓу татковината и македонските заедници ширум светот“, рече Гордан Јорданов.

„Одборот на директори на ОМД го направи вистинскиот избор при доаѓањето на Гордан – тој е страствен, професионален, со добри ораторски способности и најдобриот човек да помогне да се подготви нова иднина за работата на ОМД во Македонија и да ги застапува ставовите на македонската дијаспора на терен,“ рече претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

May be an image of 1 person and text

Гордан Јорданов е роден во Велес, Македонија. Од 11-годишна возраст е активен волонтер во организацијата „CISV – Children International Summer Villages“, каде што најголемиот дел од својот адолесцентен период го поминувал ширејќи ја Македонската култура низ целиот свет. Исто така, 10 години професионално се занимавал со одбојка во ОК Борец во Велес, како и бил дел од Македонската Одбојкарска Репрезентација до 23 години. Гордан го продолжил своето високо образование во Солун како студент на додипломски студии на Американскиот Универзитет во Солун, Грција и се стекнал со Диплома за Меѓународни Односи и Дипломатија и Диплома за Управување со Човечки Ресурси.

Додека живеел во Солун, Гордан активно работел на активирање на младите во општествени проекти и правата на малцинствата, со што станал првиот Македонски претседател на Асоцијацијата на Студентската Влада. За време на неговите универзитетски денови, тој бил постар практикант во Центарот Мајк и Кити Дукакис, работејќи на планот за интеграција на градот Солун и процесите на социјализација на мигрантите во северна Грција. Учествувал и во Програмата за практикантска работа во Министерството за Надворешни Работи на Македонија.

По враќањето на Гордан во Македонија, тој работел во приватниот сектор на различни проекти за меѓународни организации, како и основал невладина организација фокусирана на политичката транспарентност. Неодамна, тој работел како Менаџер за Човечки Ресурси во една од најголемите компании за производство и дистрибуција на прехранбени производи во балканскиот регион.

Во моментов работи како директор за Македонија и е со локација во Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: