Лишено е од слобода лицето кое изврши кражба во детската градинка „Димќе Мирчев“ пред еден месец. Кај него биле пронајдени дел од предметите кои биле украдени.
„Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д (42) од Велес поради постоење основано сомнение дека ноќта помегу 09 и 10.05.2022 извршил четири кривични дела „Тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес“ соопшти портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.
Содржината продолжува под рекламата
Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: